×
Влада на РМ, Собрание на РМ: БАРАЊЕ ЗА ЗАБРАНА НА РИТУАЛНОТО КОЛЕЊЕ на животните во Република Македонија
Anima M.
started this petition to
Влада на РМ, Собрание на РМ
Благосостојбата и заштитата на свесно суштество не смее никогаш да биде подредена на религиски барања или други традиции – БАРАЊЕ ЗА ЗАБРАНА НА РИТУАЛНОТО КОЛЕЊЕ на животните во Република Македонија
"Whoever is kind to the creatures of God, is kind to himself." ‐
The Prophet Muhammad
Почитувани,
Сегашната ситуација во Македонија открива две прашања&colon
Еднаквоста на граѓаните е заснована во член 9 од Уставот на Република Македонија. Покрај тоа, член 16 предвидува дека&colon "Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата".
Мора и да се има на ум дека и муслиманските верски принципи велат дека животните треба да се третираат на сочувствителен и милостив начин. Денешните толкувања на овие чувства водат кон недвосмислено одбивање на практиката на ритуално колење од страна на многу муслимански и еврејски заедници, како и од страна на бројни муслимански заедници посветени на правата на животните и веганството
www.islamicconcern.com
Затоа е неопходно да се препознае вистинскиот баланс помеѓу различните права кога е во прашање и благосостојбата на животните.
Со поддршка на муслиманските сограѓани чувствителни на ваквото насилство, бараме без исклучок забрана на ритуално колење , како и мачење и убивање на животните во име на која било религија (пр. масовни колежи за време на христијанскиот празник Велигден кои секоја година ги осудуваме јавно и бараме да бидат забранети). Благосостојбата и заштитата на свесно суштество не смее никогаш да биде подредена на религиски барања или други традиции.
Активисти на
Анима Мунди здружение за заштита на животни
anima‐mundi.org.mk

-
Со оглед на тоа дека ритуално колење е спротивно на секој пропис за колење и убивање на животни, бидејќи во текот на овој тип на колење животното не е под седативи или омамено;
-
со оглед на тоа дека ова предизвикува огромен стрес, страв, болка кај животното, што е спротивно на сите одредби од Законот за заштита и благосостојба на животните;
-
со оглед на тоа дека ритуалното колење е брутално и најчесто се одвива во јавност, буквално пред очите на граѓаните;
-
со оглед на тоа дека оваа практика е спротивна на суштината на Законот за заштита и благосостојба на животните, повикуваме институциите веднаш законски да го забранат овој чин на територија на Република Македонија.
Сегашната ситуација во Македонија открива две прашања&colon
-
заштита на граѓаните, дури и како потрошувачи, кои не сакаат да гледаат сцени на насилство и не се подготвени да бидат принудени да прифатат такви практики на јавни места и
- заштита на некои фундаментални права кои се однесуваат на слободното изразување на една личност и не‐дискриминација.
Еднаквоста на граѓаните е заснована во член 9 од Уставот на Република Македонија. Покрај тоа, член 16 предвидува дека&colon "Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата".
Мора и да се има на ум дека и муслиманските верски принципи велат дека животните треба да се третираат на сочувствителен и милостив начин. Денешните толкувања на овие чувства водат кон недвосмислено одбивање на практиката на ритуално колење од страна на многу муслимански и еврејски заедници, како и од страна на бројни муслимански заедници посветени на правата на животните и веганството
www.islamicconcern.com
Затоа е неопходно да се препознае вистинскиот баланс помеѓу различните права кога е во прашање и благосостојбата на животните.
Со поддршка на муслиманските сограѓани чувствителни на ваквото насилство, бараме без исклучок забрана на ритуално колење , како и мачење и убивање на животните во име на која било религија (пр. масовни колежи за време на христијанскиот празник Велигден кои секоја година ги осудуваме јавно и бараме да бидат забранети). Благосостојбата и заштитата на свесно суштество не смее никогаш да биде подредена на религиски барања или други традиции.
Активисти на
Анима Мунди здружение за заштита на животни
anima‐mundi.org.mk
Posted
(Updated )
Report this as inappropriate
There was an error when submitting your files and/or report.