×
Отворање на студетскиот дом Никола Карев
petar D.
started this petition to
Министерство за образование
Ние студентите кои што сме сместени во студентскиот дом ДСД Никола Карев практично остануваме без покрив над главата во време кое што бара наш престој во градот во кој што студираме. Со одлуката на Министерството за образование, за иселување од студентските домови чувствуваме дека сме обесправени во време кога и покрај јасните опасности од нашиот престој во градот ние мораме да дојдеме и да ги полагаме нашите испити и колоквиуми, коишто во некои случаи се случува да се неколку дена по ред.Во ова хаотично време сметаме дека ние како студенти коишто студираат надвор од местото на живеење, не можеме да патуваме секој ден до градот во кој студираме(во случајов Охрид), исто така со нашето секојдневно патување по автобусите да се изложуваме на поголема опасност од изложеност на вирусот.Сметаме дека студентскиот дом ДСД Никола Карев, како и останатите студентски домови во државата треба да бидат отворени за наш престој.Исто така бараме да бидат отворени. Поддржете не и потпишете ја петицијата. Ви благодариме.
Posted
(Updated )
Report this as inappropriate
There was an error when submitting your files and/or report.