×
Итно враќање на работа на Д-р Мирослав Гроздановски во Поликлиника Букурешт!
Ненад Л.
started this petition to
Министерство за здравство
Текст на Miroslava Byrns
Поминаа точно 24 часа откако објавив дека докторот што ја фотографираше неписмената табла за дерматовенерологија во поликлиника Букурешт, доби отказ на три години пред пензија. Тоа значи, дека се исполнети сите услови за колективна
амнезија, односно заборавање на настанот, затоа што новинарското искуство ме научи дека што и да објавиш - било да е убиство, вадење бубрег матка јајник или дива ординација во дневна соба, за од прилика 24 саати се заборава и се оди на следното главоболие. Долгорочно паметење предизвикува само разводот на Миа Калифа и останатите слични турбо фолк теми со кои се потресува јавноста, а кои откриваат невиден сеирџиски, адолесцентен пристап во процесирањето на тоа што е битно а што не е битно, што е наша општествена главоболка а што е нечија приватна работа. Jавното мислење личи на глувче на лента за трчање, само оди напред и напред и напред и не гледа во ретровизорот за да сфати дека педали во место. Штанца неправди, штанца глупости. Не процесира, не се задржува на работите. И секако, подобро е од груево време кога спиевме во судница за објавени вистини, ама не е кај што треба да биде. Сега да се вратам на темата. Замислувам дека денеска или утре, некоја приватна болница ќе го лапне неврологов отпуштен од јавното здравство. И ќе си речете, супер, така треба, ќе го види Госпо, ќе си работи приватно во добри услови. Ама колку од вас ќе имате пари да влезете во таа приватна болница? Значи, мобингот врз тој некој таму, далеку од вас, за кого ни Лекарска Комора нема став пошто е презаузета со правење буквално ништо, ви се афектира на вас како пациенти. Само морав да нотирам. И нормално дека отказот формално правно е ко што треба. Три дена не одиш на работа - отказ. Никој не е глуп незаконски да ве отпушти. Ама морално, етички, човечки, отказот е мобинг. Како инаку се опишува фактот што 35 годишна колешка на неврологов е унапредена во раководителка а тој е на улица со 3 години до пензија? Има фаци во бели мантили што се на платен список по болници и Гугл мапс не може да ги најде кај се. Во болница сигурно не се. Министерството би требало да си го собере докторот назад и да му се извини за непријатностите.

Posted
(Updated )
Report this as inappropriate
There was an error when submitting your files and/or report.