Update your Cookie Settings to use this feature.
Click 'Allow All' or just activate the 'Targeting Cookies'
By continuing you accept Avaaz's Privacy Policy which explains how your data can be used and how it is secured.
Got it
Општина Охрид: Повлечете го незаконското одобрение за градба на хотел во Лагадин!

Општина Охрид: Повлечете го незаконското одобрение за градба на хотел во Лагадин!

1 have signed. Let's get to
50 Supporters

Close

Complete your signature

,
By continuing you agree to receive Avaaz emails. Our Privacy Policy will protect your data and explains how it can be used. You can unsubscribe at any time. If you are under 13 years of age in the USA or under 16 in the rest of the world, please get consent from a parent or guardian before proceeding.
This petition has been created by Ohrid S. and may not represent the views of the Avaaz community.
Ohrid S.
started this petition to
Општина Охрид
Издадено е незаконско одобрение за градба на огромен хотел во заштитениот појас на Охридското Езеро. Законот вели дека на 50 метри од брегот е забрането градење на објекти од траен карактер.

Дополнително, градежната парцела со незаконско одобрение за градба веќе е бесправно навлезена во приватен имот од соседните парцели и тоа додека сопствениците не се таму.

Незаконското одобрение за градба ѝ пркоси и на волјата на мештаните кои неодамна потпишаа петиција јасно изразувајќи го својот став дека не сакаат масовен туризам во својата населба. И покрај несогласувањето на речиси сите жители на населбата Лагадин, извесни локални моќници во договор со институциите си земаат за право да си ги остварат интересите.

Надлежните лица од месната заедница Лагадин веќе со години бараат увид во документацијата постојано доставувајќи барања до Општина Охрид, но до денешен ден на ниедно од тие барања не им е одговорено иако се работи за информација од јавен карактер.

И онака преоптоварениот колекторски систем од кој поради големиот број на туристи секое лето се излеваат фекалии во езерото – нема да издржи уште еден голем хотел, а еколошките последици врз езерото ќе бидат уште поголеми и неповратни.

Друг огромен проблем е сообраќајниот метеж во Лагадин кој се создава секое лето поради големиот број на туристи што одат на плажа. Населбата е преполна со автомобили и нема простор дополнителен број на возила да се разминат, а камоли да се паркираат. Мештаните кои поседуваат имоти таму немаат каде да ги паркираат сопствените возила пред сопствениот имот за кој плаќаат данок на државата.

Останува прашањето дали Општина Охрид ќе дозволи незаконски градежни активности кои ќе имаат неповрани негативни последици врз Охридското Езеро имајќи предвид дека на почетокот од оваа година во Охрид доаѓа специјална реактивна мисија од УНЕСКО која може и да ни го одземе статусот.

Во тек е официјална жалба од мештаните чиишто имоти се бесправно узурпирани. На жалбата ќе се приклучат и останати засегнати граѓани од населбата, како и активисти од здруженија за заштита на животната средина кои веќе неколку години работат на заштитата на Охридското Езеро и неговиот статус како УНЕСКО подрачје.

Потпишете се и изразете ја својата поддршка против незаконското уништување на единствената УНЕСКО локација на територијата на РМ! Охрид не е за продавање!

Posted (Updated )